Принцот Чарлс ги откри своите омилени песни од младоста

Од:

Песни од „Три дигрис“, Дајана Рос и Едит Пјаф беа меѓу оние коишто принцот Чарлс ги избра за снимената емисија за Болничкото телевизиско здружение ХБА.

Во едночасовната емисија „Музика и спомени со принцот од Велс“, по повод 73-годишнината од основањето на Институт за јавно здравје во Велика Британија, престолонаследникот ги откри неговите омилени песни од младоста до денес. Една од нив е „Givin’ Up, Givin‘ In“ којашто поп-групата „Три дигрис“ ја извела на неговиот 30-ти роденден.

– Тоа е песна, на која не можеш, а да не почнеш да танцуваш веднаш!, рече принцот Чарлс.

Една од неговите омилени песни е и „Don’t Rain On My Parade“ од Барбара Стрејсенд. Принцот се потсети се дека ја видел во филмското студио „Ворнер брос“, кое се поставувало кога тој служел како млад поручник на борбениот брод „ХМС Јупитер“.

На списокот со 13 песни се наоѓаат и „La Vie En Rose“ од Едит Пјаф и „Upside Down“ од Дајана Рос. Радио-емисијата беше снимена како дел од Националниот ден на благодарност што се одржа вчера, за луѓето кои вредно работеле за време на корона-пандемијата. И принцот Чарлс, исто така, им се заблагодари на сите нив во шоуто.

Би можело да ве интересира

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он

Писма на Чарлс Трети предизвикаа загриженост: „Се меша“ околу влијанието врз министрите на британската влада

А1он

Вилијам и Кејт преку ноќ станаа милијардери: Добија делови од национален парк, терен за крикет и затвор

А1он

Принцот Вилијам рече дека му е чест што станал принц од Велс

Горан Наумовски