Австралиската Влада обезбеди авторски права на знамето на Абориџините

Од:

Австралиската Влада потпиша договор за добивање авторски права на знамето на Абориџините, со што знамето за првпат стана достапно за јавна употреба.

Тоа е резултат на долгогодишната кампања „за ослободување на знамето“ што ја водеа заговорниците на староседелците и членови на заедницата.

– Го ослободивме знамето на Абориџините за Австралијците, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

– Знамето на Абориџините сега ќе може да се користи на сличен начин како и австралиското национално знаме, што значи бесплатно, со целосна почит и на достоинствен начин. Сите Австралијци сега можат да го стават знамето на Абориџините на облека како што се спортски дресови и маици, може да се нацрта на спортски терени, да се вклучи на веб-страници, во слики и други уметнички дела, да се користи дигитално и на кој било друг медиум без да се бара дозвола или да се плаќа надомест, рече Морисон.

Знамето го дизајнираше уметникот Харолд Томас во 1970 година и има црвена, црна и златна боја кои ги претставуваат австралиските Абориџини и нивната поврзаност со земјата.

Австралиската влада го призна како службено знаме во 1995 година.

Но Томас досега ги задржа авторските права за знамето. Неговата претходна одлука да ги предаде правата за користење на облека на една неавтохтона компанија беше контроверзна и предизвика правни спорови околу неговата употреба, вклучително и од австралиски спортски тимови.

Според новиот договор, комерцијалната компанија Керол и Ричардсон Флагворлд (Carroll and Richardson Flagworld) ќе продолжи да биде ексклузивен лиценциран производител на знамиња на Абориџините, но тоа нема да ги спречи поединците да прават свои знамиња за лична употреба.

Владата плати 14,2 милиони долари за да ги обезбеди авторските права, јавија националната телевизија Еј-Би-Си и мрежата ААП.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј