(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

Од:

„СДС и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот. СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си и да гласаат за законски измени, кои се во корист на граѓаните, одлучија да тераат инает. Те не им чинело едно, те друго, те мислеле ќе злоупотребуваат податоците на граѓаните. Тука се поставува едно логично прашање, што правеа додека беа на власт заедно седум години, ако толку нешто не чини, или беа и се уште се здружени само за лични цели“ рече на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

За проектот безбеден град, рече „Првиот ден кога стартуваше, беа регистрирани околу 110 илјади прекршоци, а за само 24 часа бројката на сообраќајните прекршоци е намалена за половина или на околу 50 илјади прекршоци. Што се однесува до жртви на патиштата. Бројката на жртви во сообраќај во Република Македонија е 65 лица на еден милион жители, а европскиот просек е 45 жртви годишно на еден милион жители или во Македонија има четвртина повеќе од европскиот просек“.

„Во декември 2025 година и јануари оваа година, бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи. СДС и ДУИ се против систем кој придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да се грижи и да носи мерки и закони корисни за граѓаните“ истакна Стојановски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?