(ВИДЕО) Со шут го нокаутираше својот тренер покрај аут линија

Од:

Ретко гледаме тренер да заврши на тревата како по нокаут, но токму тоа се случи за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Катар и ОАЕ.

Селекторот на Катар, Хулен Лопетеги заврши на земја откако топката го удри силно во глава.

Ова се случи на стадионот „Јасим Бин Хамад“ во Доха, додека шпанскиот тренер мирно стоеше во својот простор покрај аут линијата.

Во еден момент, по жестока борба за топката од надворешната страна, катарскиот играч од средниот ред Асим Мадибо случајно ја шутна топката која заврши право во лицето на Лопетеги.

Тренерот веднаш падна како покосен и остана неподвижен неколку моменти, со лицето надолу на тревата.

Ситуацијата изгледаше сериозна, но помошта пристигна брзо, а Мадибо беше меѓу првите што дотрча кон него.

Би можело да ве интересира

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Херојот на Мундијалот не ужива во славата: Би го вратил животот што го имав претходно!

А1он

Деко за изборот за „Златната топка“: Тоа е светски скандал!

А1он

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Кој против кого во фудбалската ЛШ – ПСЖ ќе игра против Сити, Барселона и Рома

А1он