ВИДЕО: Со канта бензин пали познат скопски ресторан во сред полициски час

Од:

Во сред полициски час, околу 3.15 часот утринава, засега непознато лице со канта бензин го пали познатиот „Опера паб“, што се наоѓа кај Националниот опера и балет.

На снимките од камерите од ресторанот јасно се гледа човек со качулка на главата како доаѓа од центарот на Скопје со канта бензин во раката. Тој ја полева со бензин терасата од надворешната страна од ресторанот, го пали и бега.


Огнот има направено голема штета и испукани се сите стакла од објектот. Дошле противпожарните екипи и лицата од обезбедувањето на локалот, но во меѓувреме пожарот сам се изгаснал.

Сопственикот на локалот вели дека не е задоволен од односот на полициските служби и дека се уште не е извршен увид. Во еден момент му било и кажано дека е подобро самиот да си поднесе тужба против непознат сторител, наместо да биде поднесена пријава за „предизвикување општа опасност“. Тој се уште чека на лице место за да види каков ќе биде епилогот.

Лицето што го запалило локалот лесно може да биде идентификувано на камерите од останатите објекти, со оглед на тоа што од насоката од која доаѓа, се наоѓаат државни институции како Јавното обвинителство и Министерството за надворешни работи. Останува отворено и прашањето како никој од полициските службеници на терен, за време на полициски час, не забележале дека по улиците се движи лице со канта бензин.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај фабриката Самоков втор ден е активен, но не преставува опасност

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Маж од Скопје со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

Повторно пламна пожар во фабриката за оружје и муниција АТС АММО во Самоков

Изгоре човек, но и добиток во пожар во населбата Ѓорче Петров

Горан Наумовски