(ВИДЕО) Со автомобилот прелета преку кружен тек – причината е дијабетска криза

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија во која возачот ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета две возила што беа на кружен тек.

Во таа прилика, возач речиси ја удри камерата за надзор што го снимаше овој драматичен момент.

„Првиот летачки автомобил е забележан во Романија“, е еден од коментарите на видеото што кружи на социјалните мрежи деновиве.

На видеото јасно се гледа дека возачот на „мерцедесот“ вози со многу поголема брзина од дозволената, практично сечејќи го кружниот тек и издигнувајќи се како авион, над два автомобили што се подготвуваат да влезат на кружниот тек.

После тоа, возилото одеднаш „полета“, удри во столб од надзорна камера и застана на зелена површина на блиската бензинска пумпа.

Според локалните медиуми, возачот на „мерцедесот“ е 55-годишен маж кој остана заробен во автомобилот, а спасувачите го извлекоа од остатоците.

Тој претрпе само полесни повреди и беше однесен во болница на понатамошен преглед, но не беше задржан на лекување.

Тестовите покажаа дека не консумираше алкохол или дрога, а причината за несреќата се припишува на дијабетска криза, поради која не можеше да реагира додека вози.

Би можело да ве интересира

Снежна бура во Романија – 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија

А1он

Романскиот претседател ја отфрли идејата за референдум за обединување на Романија со Молдавија

А1он

Го убија другарот (15) со нож и секира, па го запалија телото – причина за злосторството е љубомора

А1он

Романка сама си праќаше заканувачки пораки за да го обвини екс сопругот

А1он

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Земјотрес во Романија