(ВИДЕО) Шукова: Капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри

Од:

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

„Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија кои се од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани од страна на ДПМНЕ и Данела Арсовска“ истакна Шукова која денеска беше во општина Карпош.

Како пример таа го посочи булеварот од мостот кај Љубљанска до улицата Скупи во Карпош, крупна сообраќајна инвестиција која треба да го растовари метежот и да ги поврзе деловите на Карпош и Скопје.

„Сè е готово. Проектната документација е изработена, експропријацијата е завршена, средствата од 190 милиони денари се обезбедени. Единствено се чека дозвола од Министерството за култура за теренските истражувања. Но, веќе две години, блокада и застој“ потенцираше Шукова.

Шукова исто така изјави дека како идна градоначалничка ќе направи сè што е во нејзина надлежност за да ја деблокира изградбата и за проектот конечно да се реализира.

„Како ваша градоначалничка ќе направам се во моја надлежност оваа блокада да престане. Се залагам истражувањата веднаш да завршат за да ја почнеме изградбата на булеварот. Граѓаните одамна заслужуваат современа и функционална сообраќајна врска и таа ќе ја добијат!“, рече Шукова.


Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ