(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

Од:

„После нарко скандалот на директорот на Клиниката за неврологија, кој е снимен како консумира дрога не е доволно повлекување и негово разрешување. Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност, темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи за здравството се работи и за здравјето на луѓето. Ако лице што управува со здравствена установа користело дрога, тоа отвора прашање како тоа влијаело врз неговите одлуки како директор, врз здравјето на пациентите, врз безбедноста и функционирањето на системот на клиниката“ рече денеска на прес-конференција Елена Радеска, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Таа вели дека „сите надлежни институции мора веднаш да го повикаат на распит и да го преиспитаат целото негово работење: сите тендери, одлуки, финансиски трансакции и кадровски именувања во времето кога тој раководел со клиниката. Особено што и Државната ревизија констатираше неправилности во клиничките испитувања и процедурите. СДСМ ќе инсистира, одговорност мора да има, без разлика кој е, без разлика колку е близок со Христијан Мицкоски“.

„Министерот за здравство мора да побара од Лекарската комора додека трае истрагата да му биде одземена лиценцата за работа. Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето и со медицина. Ова е голем скандал кој покажува како владее ДПМНЕ и какви кадри става на клучни институции во здравството кое што е во целосен хаос. Нема лекови, нема операции, луѓето не можат здравствена услуга да добијат а директорите на ДПМНЕ се дрогираат. Срамно и тажно истовремено. Фрапирачки е како Мицкоски молчи за овој случај. Но едно е јасно, додека неговите директори се фатени до дрога, Мицкоски не може да зборува за морал ниту за вредности“ рече Радеска.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он