(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

Од:

Кога ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција, гласно бараше студентскиот оброк да биде 160 денари. Денес, кога ја имаат власта, молчат и не прават ништо. Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ“ рече на прес-конференција Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

Вели дека студентите знаат дека мерката студентски оброк е мерка на СДСМ, и последен пат во 2023 година, износот беше зголемен од 120 на 140 денари. Но, оттогаш цените пораснаа многу побрзо. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2025 година трошоците на животот се зголемени за 4,5% во споредба со лани. Оваа аритметика е едноставна: кога менито поскапува побрзо од оброкот, секоја непроменета година е фактичко кратење“.

Не може да има пари во најголемиот буџет во историјата за папаја, манго и луксузи на функционерите, а за студентите да нема пари. СДММ бара зголемување на сумата за студентски оброк на 160 денари. Бидејќи власта не ги есапи студентите бараме системско решение: автоматска индексација според цените на храната или јасна формула за годишно усогласување. Наместо папаја и манго за функционерите, власта нека обезбеди средства за студентите“ рече Стојчевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија