(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Од:

„Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови. ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски ниту знаат, ниту имаат капацитет да креираат вистински политики за развој на земјоделството. Лажeа пред избори дека ќе донесат нови мерки, дека ќе има повеќе пари за субвенции. Реалноста на терен е сè посурова, а македонското земјоделството тоне секој ден. Оваа година, откупната цена на пченицата падна драстично, само 12 денари за килограм, па дури и помалку. 25.000 земјоделци кои произведуваат пченица на 70.000 хектари се директно засегнати“ рече на прес-конференција Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Според него, „и овие 12 денари што Трипуновски сака да ги преставува како висока откупна цена, на терен се пониски. По 12 денари за килограм ќе биде откупен само еден мал дел или околу 20%, а другото од околу 80% ќе биде откупено по цена од 10 денари. Во време на владите на СДСМ, во време на жетва пречницата се продавала и по 17 денари за килограм и тоа не така одамна. За да им помогне, СДСМ заедно со земјоделците поднесе и амандман за поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица. Но власта немаше слух“.

„Не е само проблемот со откупот на пченицата и ниските цени. Власта скрати пари за земјоделците, 478 милиони денари помалку има со новиот ребаланс. Од вкупниот годишен буџет за субвенции кој во моментот е 7,2 милијарди денари се крати на 6,7 милијарди денари. Само за споредба во 2024 година се исплати 8,4 милијарди денари од овие бројки се гледа дека буџетот за субвенции е намален за близу 30 милиони евра. Лозарите и ова година повторно беа превеслани од Трипуновски“ рече Димковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Шпанија вложува 197 милиони евра во геолошки истражувања, минералните ресурси стануваат стратешки приоритет

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“