(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

Од:

„Денеска објавуваме нова бомба, нов скандал! Повторно со тендери, милионски, криминални. Фактите и доказите коишто денеска ги објавуваме пристигнаа до нас од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк. Граѓаните ни се приклучија, заедно ја водиме борбата против криминалот и корупцијата. И како што кажавме, нема да престанеме!“ рече денеска на прес конференција, Рената Младеновска – член на Извршен одбор на СДСМ.

Според неа, „фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија. Договор што го склучила е за чистење и одржување на хигиена. Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство. Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација“.

„Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана. Како? Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената. Сомнително?“ праша Младеновска.

Вели дека „само дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски. Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот. Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзана со ЗНАМ“.

„ВМРО и ЗНАМ си делат милионски тендери додека нема пари за плати и пензии, нема за минимална плата. АКТ продолжува со откривање на сите скандали, на сите криминални тендери за испумпување на парите на граѓаните“ рече Младеновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата