(ВИДЕО) Рустеми: Катица Јанева бараше да не замрзнеме стан во случајот „Поштенска банка“ за да го земе ексдиректорот на МЕПСО

Од:

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Рустеми го водеше случајот „Поштенска банка“, а на прашање на обвинителката Гордана Смаќоска за патните исправи, тој се сети дека на сугестија на шефицата Јанева дал позитивно мислење да му биде вратен пасошот на Томе Главчев, кој дал гаранција од милион евра во машини за шиење кошули.

Тој пред судот изјави дека се се посомневал во олеснителните предлози на неговата тогашна шефица кога обвинителката од СЈО Лиле Стефанова му рекла дека дознала дека еден од становите кој бил замрзнат како имот во постапката, треба да го земе поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски.

„Во истрагата не ми се мешаше Катица Јанева. Но, по начелното правно мислење од Врховниот суд настана хаос. Тоа предизвика удар врз предметите на СЈО, меѓу кои беше и „Поштенска банка“. На на состанок кај Катица Јанева, таа предложи да се утврди штетата во ‘Поштенска банка и да се затвори истрагата. Ова мене ме збуни. Во април 2019 година на колегиум Катица Јанева го повтори својот предлог, со наредба штета да се пресмета во ‘Поштенска ‘ и во ‘Империја ‘, без предлози за затворски казни. Ни го кажа тоа и го заврши состанокот”, рече Рустеми пред судот.

Тој, како што рече, не ја послушал Јанева и предложил ублажени затворски казни за предмот, адекватни на признание на вина со спогодба.

За случајот „Поштенска банка“ замрзнати беа имотите на двајца осомничени, Главчев и Димитровски. „А1он“ веќе пишуваше дека за еден стан кој се наоѓа во Скопје, сопственост на една од фирмите на Главчев, Јанева побарала да не биде замрзнат, а истиот бил купен од страна на Сашо Василевски, поранешен генерален директор на МЕПСО, инаку близок до ексшефицата на СЈО.

За случајот „Рекет“ треба да сведочат и апелационата судијка Мери Дика – Георгиевска, водителката Лила Филиповска и шефицата на кабинетот на Јанева, Сања Димовска.

Судењето продолжува утре.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов