ВИДЕО: Ременски пристигна на распит во Обвинителството за „Рекет“

Од:

Во Обвинителството за организиран криминал и корупција пристигна пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, која што треба да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Таа кажа дека е дојдена во Обвинителството како повикано лице и не сакаше да каже дали е осомничена или сведок. Ременски најави дека по завршувањето на распитот ќе даде изјава за медиумите.

Претходно неделава искази во Обвинителството дадоа водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени.

Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог