ВИДЕО: Ректорот на Универзитетот во Струга ги пцуел и се обидел да ги удри, сведочат просветните инспектори

Од:

Со пцости и закани за животот биле дочекани двајцата просветни инспектори на Меѓународниот универзитет во Струга. Ректорот на Универзитетот, Армен Кадриу, им се обратил со зборовите: „Што сакате, бе, вагабонти?“ и при обидот за инспекција тој почнал да ги навредува, пцуе и да им се заканува, а во еден момент се обидел и да ги удри, вели инспекторот Зоран Ристески.

– Одговорното лице на Меѓународниот универзитет во Струга, Арменд Кадриу, упати закани за нас и нашите фамилии, а замавна и со раката кон мене. Сакаше да провоцира, но не дозволивме случајот да прерасне во физичка пресметка. По ова, веднаш бевме принудени да прекинеме со инспекциот надзор и да одиме во полициска станица. Ваквото вандалско однесување на поединци мора да запре, особено ако сакаме квалитетно образование – рече Ристески.

Инспекторите го пријавиле случајот во полиција и очекуваат ректорот да биде кривично гонет за напад на службено лице. Тие вчера биле во вонреден инспекциски надзор по барање на, како што велат, самиот Универзитет, а инспекцијата била поврзана со претходни сознанија за работа, но и студирање без нострифицирани дипломи.

Од Меѓународниот универзитет во Струга не беа достапни за одговор во врска со инцидентот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска