Промовирана мемоарската книга на Еќрем бег Вљора која направи револуција кај Албанците

Од:

Издавањето на книгата „Сеќавања од животот“ Том II (1912 – 1925) од Еќрем-бег Вљора на македонски јазик во превод на Елизабета Линднер, е исклучително значајно, бидејќи со својата појава, прво на германски, а потоа и на албански јазик, направи еден вид револуција во албнството, отвори полемики и воведе новини за кои аланската историографија дотогаш не беше свесна, беше речено на вечерашната промоција на книгата во организација на Фондацијата Отворено општество Македонија

– Ова е еден важен алманах за запознавање со карактерите, историјата, па и географијата на Албанците, рече Рамадан Рамадани, историчар кој беше модератор на дискусијата.

Иако се работи за мемоари на влијателниот интелектуалец и политичар Еќрем- бег Ваљора, најголемата вредност на оваа книга е дека дава еден реалистичен опис на настаните при крајот на Отоманската империја и почетокот на создавањето на албанската држава. Секој превод на ваков вид книга претставува удар на манипулациите на политиката.

– И денес на Балканот имаме дворски историчари, а книги како оваа помагаат да се бориме против овој феномен на дворски историчари и луѓе кои ја користат историјата за дневно политички интереси. Книгата овозможува да се разбере полтиката во тоа време. Исто така, зачудува и тоа какви современи ставови имал Еќрем- бег Ваљора во тоа време, иако книгата е напишана пред 60 години, а настаните за кои пишувал се слушувале пред 100 години. На пример, неговите ставови за Македонија и Македонците се сосема современи. Тој вели дека Македонците се посебен народ иако Србите и Бугарите заради нивните политички интереси се обидуваат да ги прикажат како Срби и Бугари, а тие се сепак посебен народ. Тој напишал: „не знам што прави овој народ, но тој постои“, рече Роберт Несими, аналитичар.

Сто годии потоа постојат фолк патриотизам, а за Еќрем- бег Ваљора било сосема прифатлива идејата на самоопределување.

– Спомените на Екрем бег Вљора се историска книга и пример како треа да се пишува една историја, обективно, без митови, без легенди, за живи луѓе и настани, со кои сте биле во допир, рече проесорот Драги Ѓорѓиев.

Гостин на промоцијата беше и Егин Цека, политиколог, кој говореше за значењето на ликот на Еќрем бег Вљора и на неговото семејство како значајни чинители на тогашната политика во рамки на Отоманската империја.

Превеодот од германски јазик е на Елизабета Линднер, а издавач на книгата е Фондацијата Отворено општество – Македонија.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска