ВИДЕО: Пратениците морало да се паркираат во тревата, немало каде, а требало возилата да им се во близина

Од:

Пратенички автомобили еден до друг, оставени во тревата, на тротоарите и на рабниците, без никаков ред. Ваква е сликата на паркингот и во паркот зад Собранието кога има закажани седници. Камерата на „А1он“ два дена по ред ја следи состојбата, при што во моментот на паркирање го начекавме пратеникот Сурија Рушиди од Алијансата за Албанците, кој во неможност да најде простор, автомобилот го остави до една грмушка. Пратеникот тврдеше дека е прописно паркиран, но признава дека автомобилот го оставал и во тревникот на Собранието кога немало простор.

„Ќе ве молам, сега сум паркиран на бетонот, на последното ќоше од паркингот и мислам дека прописно сум го оставил автомобилот, но кажувам дека сум го оставал и во тревата и на земјата кога немало место. Срамота е да нема простор за паркинг за пратениците, ова никаде го нема. За проблемот неколкупати сме се жалеле кај собраниските служби, а сме го изнеле и на координација, но, како што гледате, сè уште ништо не е решено“, објаснува Рушиди.

Камерата на „А1он“ го улови и автомобилот на пратеникот Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците во моментот кога се паркира во паркот зад Собранието. Но, пратеникот Хасани се бранеше и нè убедуваше дека тука застанал привремено да направи простор за друг автомобил. За да нè убеди дека е така, неговиот возач, додека бевме таму, го препаркира автомобилот.

„Видете, нема да останам тука, гледате дека влегува комбе, кое треба да истовара стока. Мораме да застанеме тука за да му направиме место за влез. Еве, гледајте, сега се тргаме од тука и одиме на паркингот зад Министерството и таму ќе влеземе“, вака се правдаше пратеникот од Гостивар.

Некои од пратениците не сакаа да зборуваат на темата, како пратеникот Ејуп Алими од ДУИ, кој избега од камерата на „А1он“. За пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, кој рече дека се паркирал кај Домот на Армијата, не било прифатливо претениците да си плаќаат паркинг во околните катни гаражи затоа што им се брзало и автомобилите требало да им бидат тука пред Собранието.

„Поради итноста на работите што се случуваат во Собранието, ние тука треба да имаме обезбеден паркинг. Сметам дека надлежните за ова прашање треба да го имаат ова на ум и да го решат во наш интерес“, вели Локвенец.

За разлика од претходните два дена, најверојатно, поради видливото присуство на камерата на „А1он“, денеска беше воведен ред кај собранискиот паркинг. Немаше автомобили на тревникот зад Собранието, а кренати беа и столпчињата што водат во тој правец, иако и денеска имаше полна собраниска агенда. Паркингот околу Собранието го контролира и полицаец, кој ги опоменуваше несовесните возачи кои непрописно беа паркирани.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови