(ВИДЕО) Повредени, уапсени, искршени излози – ден по протестите во Подгорица

Од:

Дваесетина повредени полицајци и најмалку дупло граѓани, искршени излози. Ова е епилогот од синоќешниот протест на опозицијата која обвини за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, додека власта обвини дека имало обид да се “урне државата“. Мило Ѓукановиќ не падна, но го доживеа првиот масовен протест пред неговата врата.

Протестот во Подгорица во организација на Демократскиот фронт синоќа се претвори во судир со полицијата која со солзавец и шок бомби ги растера демонстрантите. Солзавец добија и новинарите, кои обвинуваат дека полициата намерно го направила тоа само да не снимаат што се случува.

Според министерот за внатрешни работи на Црна Гора демонстрантите фрлале молотови коктели и камења на полицијата, и затоа морале да реагираат со “прекумерна употреба на хемиски средства“ за да нема судири.

Во улицата на Слободата по инцидентот можат да се видат повеќе искршени излози, а скршени се и три семафори на раскрсницата кај хотелот Хилтон, пренесуваат црногорските медиуми.
Според РТВ Црна Гора, во текот на нередите ограбена е една златарница, а искршени се стаклата на една банка. На мета на демонстрантите била и телевизијата Пинк М.

Според “Вијести“ група од дваесетина припадници на специјалната антитерористичка единица неколку миниту синоќа на смени тепала двајца мажи кои не пружале отпор. Полицајците заминале откако забележале дека ги снимаат, а претепаните мажи не се приведени, туку избегале кога полицијата се оддалечила од нив.

Министерот за внатрешни работи на вонредната прес конференција соопшти дека не му е познат овој случај.

На демонстрациите учествуваа околу 5 до 6 илјади луѓе, според проценките на полицијата, односно од 20.000 до 30.000 луѓе според опозицијата. Повредени се 20 полицајци, а 27 граѓани побарале лекарска помош.

Во текот на судирите приведен и еден од лидеритена опозицијата Андрија Мандиќ, претседателот на Новата српска демократија,како и пратеникот Славен Радуновиќ. Приведувањето на Мандиќ го потврди и полицијата.

На протестот на опозицијата, се бараше оставка на премиерот Мило Ѓукановиќ, а владеачката Демократска партија на социјалистите го оцени протестот дека бил со цел “уривање на државата“.

Претседателот на Собранието Ранко Кривикапиќ за денеска најави седница на Колегиумот, на која ги повика и претставниците на Демократскиот фронт.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба