ВИДЕО: Обвинетите за крвавиот четврток приговараа дека не им се доставени сите докази

Од:

Во Kривичниот суд во Скопје почна судењето на 33 обвинети за настаните од крвавиот четврток 2017 година.

Во најголемата судница на судот се присутни сите обвинети заедно со нивните адвокати, членови на нивните семејства, како и новинари од сите медиумски куќи.

Судењето почна со 40-минутно задоцнување поради безбедносните мерки и спроведувањето на обвинетите и јавноста во судот.

На почетокот од судењето, адвокатите на некои од обвинетите приговараа дека не им биле доставени сите докази од Обвинителството и затоа не може да дадат воведен говор и да почне главната расправа.

Адвокатите на Митко Чавков, Митко Пешов, Сашо Василевски и останатите обвинети реагираа дека не го добиле целокупниот доказен материјал и записниците.

Една од двете обвинителки, Вилма Русковска од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека за овој случај, Обвинителството нема што да крие, иако потврди дека е направена техничка грешка во врачувањето на доказите, но дека не може да се сети дали на сите обвинети, сите записници им се предадени.

Судијката Добрила Кацарска, рече дека Обвинителството ќе им ги достави сите докази кои се на листата до сите обвинети.

Адвокатот Донче Наков, адвокатот на четворица од обвинетите рече дека не биле повикани на рочиште за оценката на обвинителниот акт.

Адвокатот рече дека ги немал добиено извештаите од разговорите на мобилните телефони на обвинетите, кои се однесуваат на конекции меѓу обвинетите, а се клучен доказ на кој Обвинителството го темели обвинението.

Обвинетите беа пречекани со зурли и тапани пред судот. Десетици поддржувачи од здружението на „Андон Јанев Ќосето“ со македонски знамиња се собраа за да им изразат поддршка.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска