(ВИДЕО) Петрушевски: Фрапантно е како може главниот обвинител Коцевски да игра по нотите на политичка партија

Од:

Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДС кариера. Главниот обвинител Коцевски не е самостоен во одлуките, тој секогаш ја има тежината од СДС врз себе, затоа што тие го спасуваа во Собрание. Ниту еден поранешен функционер, кој беше фатен во криминал, а ги има многу, не одговара, и нема правна разрешница, затоа што на главниот обвинител Коцевски СДС му стои на глава“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Срамота е како главниот обвинител Коцевски смирено ја прими пораката од СДС во Собрание, со штитот или на него“ и не се обиде ниту да ја осуди или да се огради. Фрапантно е како може главниот обвинител да игра по нотите на политичка партија. Народот има под 2% доверба во обвинителството, а со игнорантскиот однос на Коцевски таа доверба ќе се израмни со 0“ рече Петрушевски.

Според него, јасно е дека Коцевски ќе седи до крај, и покрај пораките од народот да си оди, тој ќе седи и ќе ги користи своите позиции за СДС. Едно треба да знаат и СДС и главниот обвинител Коцевски, народот точно знае што прават и многу јасно ја виде нивната игра. Одговорност ќе има на избори, а и потоа“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал