(ВИДЕО) Петров: Стевчо предавството го направи од личен интерес за да ја сочува фотељата

Од:

Во интервјуто за А1он кандидатот за градоначалник за општина Карпош Андреј Петров говори за изборната програма, неговите идеи и проекти за Карпош, но и за пораките за граѓаните, и за неговите против кандидати Јагнула Куновска и Стевчо Јакимовски.

Вели Карпош му е прва политичка љубов.

„Јас сум човек кој може најдобро да сработи за Карпош. Ќе се расчистиме многу работи, особено после предавството кој ни го направи еден од соборците и пријателите. Само Стевчо не го издржа предизвикот. Сега се виде кој од каков материјал е направен. Предавството Стевчо го направи од личен интерес за да ја сочува фотељата.Граѓаните ќе имаат можност да бираат меѓу резултат и голи зборови, и меѓу доследност и карактер и превртливост од друга страна. Нема да се занимавам со негативна кампања, туку ќе работам за граѓаните“, вели Петров во интервју за А1он.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември