Денвер Нагетс испуштија огромно водство и загубија од Орландо Меџик со 127:126, но главната приказна на натпреварот е суперѕвездата на тимот од Денвер.
Откако одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата против Минесота на католички Божиќ (56 поени, 16 скока, 15 асистенции), Јокиќ покажа дека припаѓа меѓу бесмртниците и во следниот натпревар.
Против Меџикси, тој постигна 34 поени (шут од поле 11/22, слободни фрлања 12/13), имаше дури 21 скок, што е негов трет најдобар настап под кошеви во кариерата, заедно со 12 асистенции.
Тоа е неговиот 16-ти трипл-дабл во сезоната и 180-ти натпревар со таков настап откако дојде во НБА пред десет години.
Само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (207) имаат повеќе трипл-дабл натпревари од него во историјата на најсилните лига.
Прашање е кога Јокиќ ќе го прескокне Робертсон, а потоа му останува само Вестбрук. Тој не е недостижен за Јокиќ, бидејќи Србинот (30) е седум години помлад од Американецот, кој е на крајот од кариерата.
ESPN открива дека со својот настап против Орландо, Јокиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА што постигнал повеќе од 110 поени и 40 скока и асистенции во три натпревари по ред.
Јокиќ претходно имаше 29 поени, седум скока и 14 асистенции против Далас, и 56 поени, 16 скока и 15 асистенции против Минесота.
Тој има вкупно 119 поени, 44 скока и 41 асистенција во серија од три натпревари.
