(ВИДЕО) Младоженец почина по свадба во Турција, го застрела роднина на сопругата

Од:

Tрагедија се случи во Турција за време на свадбена прослава. Младоженец почина од повредите здобиени во славеничка пукотница по неговата свадба во северна Турција.

Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели за кои се тврди дека ги испукал роднина на неговата сопруга, објави државната агенција Анадолу.

Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени два нерегистрирани пиштоли, соопшти агенцијата.

Обвинителите отворија истрага за инцидентот што се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.

Пукањето на свадби е вообичаено на свадбите во северниот дел на Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа ранети пред свадба во североисточната покраина Трабзон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО