(ВИДЕО) Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени како исклучително квалитетна и успешна посетата на владиниот тим на Обединетите Арапски Емирати во изминатите денови. Вели дека ги презентирале можностите за инвестирање во Македонија, како и за поставување на земјата на мапата на светските инвеститори.

– Посетата ја започнавме со средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати. Следните денови се сретнавме со стопанските комори од Емиратот Шарџа и Дубаи, а потоа имавме исклучително квалитетни состаноци со врвните компании овде во Обединетите Арапски Емирати, како што се Мубадала, ADQ, Масдар, Игл Хилс итн. Сето она коешто разговаравме е навистина нешто коешто ќе претставува еден голем чекор напред за македонската економија. Разговаравме за проекти од областа на транспортот, пред сè коридорите 8 и коридорот 10 и отсечката на коридорот 10, 10-д, истакнува Мицкоски во видео изјавата по постата на ОАЕ.

Посочува дека било разговарано и за проекти поврзани со туризмот, градежништвото, земјоделството, енергетиката.

– Се разбира тука нашиот македонски, балкански, би рекол светски бисер Охрид. Потоа, Попова Шапка како исклучително силна инвестиција, којашто треба во годините коишто следат да донесе големи економски бенефити за македонските граѓани. Место каде што е потребна голема инвестиција, поради својата местоположба и поради сите оние географски убавини коишто самиот тој ски-центар ги нуди. Се разбира и за тоа разговаравме со нашите пријатели од Обединетите Арапски Емирати.

Потоа, во делот на градежништвото, неколку локации каде што навистина може да се направат лендмарк објекти коишто ќе бидат препознатливи, не само за Скопје, Македонија или за другите градови во нашата држава, туку и за регионот, па би рекол зошто да не амбицираме да прераснат такви лендмарк објекти за цела Европа, вели Мицкоски.

Во делот за енергетиката, како главен приоритет се проектите, односно хидроцентралите на Река Црна, а тоа се Чебрен и Галиште. Потенцијалот во енергетиката, посочува премиерот, не се ограничи само на инвестирање во хидроцентралите Чебрен и Галиште, туку и на нови соларни панели, нови ветерни турбини, ветерни паркови и така натаму.

– Навистина, кога би требало да ја оценам оваа наша посета, би ја оценил со највисока оценка, и економски и политички, бидејќи после долго време, не знам од кои причини, стопирање и пауза во односите коишто ги имаме со Обединетите Арапски Емирати, повторно воспоставуваме една ваква блиска, непосредна соработка. Се разбира би го издвоил и Меморандумот за подлабока економска соработка којшто го потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со неговиот хомолог, а добрите вести како резултат на овој Меморандум, ќе ги соопштам во деновите коишто следат кога ќе се вратиме назад во Македонија. Ве поздравувам од Абу Даби и се гледаме во нашиот балкански, европски, светски бисер Охрид за Велигден, да го чествуваме Христовото Воскресение, вели премиерот Христијан Мицкоски во изјавата по посетата на ОАЕ.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан

А1он

Мицкоски неосновано апси Албанци како параван за неуспесите на владата, обвинува ДУИ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник

Баџанакот на Мицкоски со бугарска фирма е и донатор на ДПМНЕ, тврди Левица

Мицкоски вели дека е згрозен од пресудата за усмртувањето на Теодора: Ова не е правда

Катерина Ѓуровски

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич