Сто двојки се венчаа на масовна свадба одржана во главниот град на Бразил, Бразилија.
Колективното склучување на граѓански брак вчера беше прва церемонија на Националниот стадион по завршувањето на Светското првенство во фудбал.
Тоа е десетта масовна свадба во Бразилја во рамките на проектот „Сродна душа“, организирана од локалните власти. Последната масовна свадба во Бразилија беше пред три месеци кога се венчаа 105 двојки.
Националниот стадион беше домаѓин на седум натпревари на Мундијалот.