(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

Од:

„Маја Мојсова да каже, дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски од црната листа на САД во вториот круг? СДС, Филипче и Заев перфидно ја наместија Маја Мојсова да глуми статист на овие избори, да собере одреден број на гласови за да има втор круг во Карпош. Маја Мојсова знае дека губи, и знае дека Филипче и Заев се испазариле со Стевчо Јакимовски да му дадат гласови во вториот круг“ изјави денеска Анета Марковска Илиевска, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашува „дали Маја Мојсова ќе се понижи до толку и ќе тргне по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче и ќе го поддржи Стевчо Јакимовски, за кој САД отворено велат дека е криминалец и за кој постои пресуда во Македонија за криминал што го сторил“.

„Дали Маја Мојсова ќе ја одигра улогата на марионета до крај или сепак ќе покаже карактер и ќе се спротивстави на бизнис договорот Филипче – Заев – Стевчо? Маја Мојсова да каже и да не молчи. Дали ќе го поддржи во втор круг Стевчо Јакимовски, осуден криминалец на црната листа на САД и дали ќе повика да се гласа за него“ порача Марковска Илиевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ