(ВИДЕО) Макрадули: За се треба добар лидер, па и за фудбалот, очекувам победа за Македонија

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули се заблагодари за поддршката од граѓаните за разлика од владејачката пратија, рече која немилосрдно ги троши народните пари за кампањи, која не се воздржува, масовно врши притисоци, уцени и закани, тие настапуваат како што личи на овој народ, достоинствено, храбро и принципиелно.

Во Центар, со Андреј рече не поддржавте за Скопје со 15.000 м2 ново зеленило и прекинување на лудилото Скопје 20014; Во Ѓорче со Александар за гасифицирано Скопје; во Гази Баба со Борче за урбано Скопје, Во Бутел со Коста за нови индустриски зони; во Аеродром со Диме за нови училишта и нова гимназија; во Кисела Вода со Љупчо за отворање на нови работни места, во Чаир со Трајче за да нема повеќе поделби; во Карпош со Андреј за да победи Сојузот на иднината.

„Овие избори се референдум за промена на катастрофалните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. На овие избори гласате еднаш, а вашиот глас вреди двојно, за промена на локалната власт и за одземање на легитимитетот на централната власт. Да ги победиме на локалните и веднаш потоа да ги победиме на паредвремените парламентарни избори“, повика Јани Макрадули.

Јани Макрадули посочи дека министерката Гордана Јанкуловска е главниот виновник за папазијанијата со фиктивните гласачи од Мала Преспа.

Макрадули, вечерва очекува со добриот лидер победа на македонската фудбалска репрезентација.

„За се треба добар лидер, па и за фудбалот, затоа очекувам победа“, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски