(ВИДЕО) Левица: Со предлог измените на КЗ не се враќа правдата, ДПМНЕ ја амнестира високата корупција

Од:

„Со предлог измените на Кривичниот законик што ДПМНЕ ги достави до Собранието власта се обидува да ја убеди јавноста дека ја враќа правдата. Но, тоа не е точно. Ова денес што се нуди не е реформа. Ова е обланда за идно амнестирање на функционери и за изрекување смешни казни за најтешки форми на корупција. По измените од 2023 година, за кои ДПМНЕ обезбеди кворум, клучното прашање не е колку предмети застареле, туку дали по овие измени воопшто ќе одговара некој носител на јавна функција?“ соопштија денеска од партијата Левица.

Велат „Уставниот суд во февруари поведе постапка по измените од 2023 година и даде рок од шест месеци за исправка. Тој рок беше пробиен. Како и ветувањата на ДПМНЕ. Наместо транспарентна дебата, на 17 декември, во последен момент, беа поднесени предлог-измени без јавна дебата, без експертска анализа и без вклучување на стручната јавност. До овој момент тие измени не се закажани ниту за прво читање што укажува на план за уште едно избрзано и нетранспарентно носење закон со далекусежни последици“.

„Власта лаже кога тврди дека со овие измени ја враќа правдата. Фактите се следни:

-Кај злоупотреба на службената положба се брише можноста за кривичен прогон по основ на „поголема повреда на правата на друг“, со што директно се стеснува инкриминацијата

-За прибавување значителна имотна корист казната се намалува од 3 до 20 години затвор, на 1 до 8 години.

-За злоупотреба на јавни пари иако формално се „враќаат“ казните се сведуваат на 4 до 10 години, наместо претходните 5 до 20 години затворска казна.

-Кај несовесно работење во службата се намалува кривичната одговорност и се сведува на парична наместо на затворска казна“ е ставот на Левица..

Сметаат дека „Ова не е заострување на казнената политика. Ова е правна рамка за поблаги казни и избегнување одговорност. Вистината е јасна: ДПМНЕ свесно чекаше предметите на нивните функционери да застарат, за сега со козметички поправки да ја замаскира сопствената неодговорност. Ова не е враќање на правдата. Ова е амнестирање на високата корупција“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он