(ВИДЕО) Лефков: Груби ја компромитира ДУИ

Од:

„Груби ја компромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и фатен во криминал од 8 милиони евра, наместо да направат рез, тие го штитат, а СДС сее магла“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, „очигледно е дека Груби е криминалец, тоа го кажа и Стејт департментот и македонските институции. Само ДУИ наместо да расчисти со тој товар уште повеќе го зема на себе“.

„Со што толку е задолжена ДУИ од криминалецот Артан Груби? А уште повеќе СДС, па мораат да смислуваат разни приказни, за да одвлекуваат внимание? СДС со години знаеше за криминалот на Груби и не го апсеше, за потоа да му се приклучи. Дали е тоа главната причина зошто сега треба да го бранат? Дали СДС се фатени во тесно од Груби и ДУИ кои ги штитат со молчење? Зошто толку Груби знае за СДС и ДУИ што не поминува ден, а двете партии да не вадат нов обид од ракав да го перат, прикриваат или да дефокусираат од него?“ прашува Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

За веледрогеријата „Пановски“ изјавите на Лефков се директна закана и клевета, најавуваат правни дејствија

Катерина Ѓуровски

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат