(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски

Од:

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол Никола Груевски и делува како негов партиски клон. Со предлог законските измени кои Тошковски ги предлага во Законот за полиција, тој готви партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ под негова контрола. Наместо модерна, професионална, европска полиција Тошковски го претвора Министерството за внатрешни работи во пара-полициски апарат на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е реформа, ова е отворање на вратите за криминалци, послушници и партиски војници. Ова е рецепт за полициска држава!“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска.

Според неа, Законот за измени на Законот за полиција што го предлага Тошковски е опасен за целиот безбедносен систем, антиевропски и длабоко корумпиран обид за партизација на полицијата, елиминација на кариерниот систем и уривање на безбедносниот поредок“.

Шест клучни точки во предлогот на Тошковски кои се скандалозни:

1.Се симнуваат критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во МВР.

Тошковски отвора простор партиските послушници без ден искуство да командуваат со полициски сили. Без стручност, без кредибилитет само со партиска книшка.

За директор на полиција се намалуваат критериумите толку многу, со тоа што може да биде и од редовите на советодавни позиции. Во суштина лице кое било само советник и никогаш не раководело ниту со 5 луѓе по логиката на Тошковски треба да раководи полиција и да се грижи за безбедноста на државата?

2.Се бришат условите за минимум 6 години искуство и 4 години на раководни позиции. Дури и шеф на СВР ќе може да биде било кој по избор само на Тошковски. Луѓе со децениска кариера ќе бидат понижени од политички вработени без знаење и без искуство.

3.Се укинуваат регионалните центри за гранична контрола. Во време на геополитички ризици, Тошковски удира по границите. Дали ова е подготовка за нелегални шеми со мигранти во нашата земја?

4.Се овозможува бришење на полициски податоци. Нема траги, нема евиденција, нема докази само заштита на криминалот под капа на ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски.

5.Се подига старосната граница на 30 години со што Тошковски ги елиминира младите, образовани луѓе само за да вработуваат партиски луѓе.

6.Најскаданлозно е бришењето на член 19 од Законот. Тошковски си дава овластување да држи во полиција осудени лица и прекриштели на внатрешни процедури и правила. Ова е одредба за организиран криминал во униформа!“ велат од СДСМ.

Кузеска смета дека Панче Тошковски сака моќ, а не ред. Сака контрола, а не владеење на законот. Наместо полиција што штити граѓани, Тошковски прави партиска милиција што штити криминалци. Мијалков и Груевски беа мали деца за овие намери на Тошковски“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски