(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

Од:

„Власта на ДПМНЕ ги понижува работниците и ги гази нивните права. За прв пат, минималната плата беше договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите што резултираше со „зголемување“ од срамни 1.800 денари. Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%. И вработените во Култура се соочуваат со истите понижувања“ рече денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Таа напомена дека „Се чекаат некакви „насоки“ од Министерството за култура, како да станува збор за доброволна акција, а не за законска должност. Власта ја одолговлекува исплатата на законското зголемување според Општиот Колективен договор за јавен сектор. Тој колективен дговор беше потпишан во 2019 година, во време на СДСМ со што платите во културата ги зголемивме за 53%. Со промената на власта покачувањата на платите се запрени“.

„Изговорите се апсурдни, тенденциозни и далеку од правни – лични желби и тивки одлуки на поединци го диктираат стандардот на оние што ја градат културната сцена на оваа држава. Наместо јасна поддршка – нова доза понижување на вработените во културата. Во дел од институциите под надлежност на министерството за култура веќе се доставени насоки што директно го прекршуваат Колективниот договор, а платите ќе бидат пониски дури и од тие исплатени во февруари. Иронично, само затоа што не се усогласени со растот на минималната плата иако и тоа е законска обврска. Ова не е само беззаконие – ова е казнување на културата“ рече Костова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници