(ВИДЕО) Костадинов: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со огнот нема играчка

Од:

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ Струмица со поддршка на пожарникари од Радовиш, Валандово, Гевгелија успеаја за максимално брзо време да го локализираат пожарот, без да има изгорени куќи или човечки жртви.

Ова меѓу другото вечерва го изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и апелираше на свест и совест кај граѓанството.

„Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со огнот нема играчка. Треба да бидеме одговори граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи“, додаде струмичкиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површна е затрупана со песок и земја

Од „Дрисла“ демантираат дека повторно имало горење: Обид за дефокус од скандалот во Трубарево

Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов

Вардариште го чува приватна агенција, Дрисла чади, дејствува ер трактор

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце