ВИДЕО: Илузионист пред еден месец го предвидел резултатот на финалето на СП

Од:

Британскиот илузионист Дајнамо уште пред еден месец го предвидел резултатот на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Тој на стартот на Светското првенство го прогнозирал резултатот  гостувајќи во студиото на телевизија Скај. Еден месец подоцна, откако Германија извојува победа над Аргентина во финалето со 1:0, Дајнамо повторно гостувал во истата телевизија, а водителот на емисијата решил да ги провери неговите предвидувања.

– Некој од важните играчите ќе има сериозна повреда. Тоа ќе биде Нејмар, Роналдо или Меси, предвидел Дајнамо на 11 јуни и продолжил: „Во финалето ќе заврши Европа против Јужна Америка. Италија или Германија против Аргентина“.

– На самиот крај најмладиот играч ќе даде гол кој ќе ги скрши срцата на навивачите на Аргентина. Догледање, предвидел Дајнамо пред еден месец.

Откако се потврдија прогнозите на Дајнамо, на социјалните мрежи се појавија коментари дека илузионистот можел да заработи многу пари.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска