(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

Од:

Најмалку 36 лица ги загубија животите во страшен пожар што зафати станбен комплекс во Хонг Конг, додека пожарникарите сè уште се борат со огнот.

Трагичната вест ја потврди на прес-конференција лидерот на Хонг Конг – Џон Ли.

Според него, судбината на дури 279 лица е сè уште непозната и тие се сметаат за „исчезнати“. 29 повредени се пренесени во болници, од кои најмалку седум се во критична состојба.

„Тажен сум поради нивната смрт и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на починатите и повредените. Ќе ја пружиме целата потребна помош“, им рече Ли на новинарите.

Додаде дека причината за пожарот сè уште се истражува.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје