Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси постигна прекрасен гол на натпреварот во кој Интер загуби од Колумбус (1:2).
WOW! Messi from a near-impossible angle. 😱 https://t.co/h525T5Ey3i
— Major League Soccer (@MLS) September 27, 2026
Меси погоди од десната страна, дијагонално, од позиција близу аголот на шеснаесетникот, упатувајќи ја топката во аголот што го чуваше голманот Патрик Шулте.
Тоа беше негов 21-ви гол во МЛС-лигата на 24 натпревари, а има и 11 асистенции.
Со оваа мајсторија, Меси го израмни резултатот откако претходно Џозеф Мартинез постигна гол во 28-та минута.
Џамал Тиаре му ја донесе победата на домашниот тим во осмата минута од судиското надополнување.
Две минути претходно, Интер остана со играч помалку откако Сантијаго Моралес доби втор жолт картон.
Колумбус се наоѓа на 12-тото место на табелата во Источната конференција со 29 бода, додека Интер е трет со 46 бода, односно 14 помалку од водечкиот Нешвил.
