(ВИДЕО) Дукоски: Пресудата за Чавков не е изненадување, ќе се жалиме во Стразбур

Од:

Погодив дека ќе биде голема казната, сите мои предвидувања беа потврдени. Чавков беше однесен во притвор со незаконита одлука, тоа укажуваше на драконска казна, која денеска ја доби. Две години помалку од законскиот максимум, тоа го знаеме уште од почетокот на овој процес и не е изненадување ниту за мене ниту за обвинетиот, рече Сашо Дукоски, адвокатот на ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков.

Дукоски исто така истакна дека пресудата не е производ на утврдена фактичка состојба и дека таа ќе биде обжалената во судот во Стразбур.

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, доби највисока казна затвор од 18 години за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година под обвинение дека не презел никакви мерки за заштита на Собранието, пратениците и новинарите на крвавиот четврток.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски