(ВИДЕО) Драма на небото над Лос Анџелес – се запали моторот на „боинг 767“

Од:

Патнички авион на Делта ерлајнс“, марка боинг 767“, со 226 патници и 9 членови на екипажот, се запали во петокот кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Видео кое се појави на социјалните мрежи го прикажува моментот кога левиот мотор на авионот се запали, предизвикувајќи загриженост и драма во воздухот.

Веднаш откако го забележаа дефектот, пилотите го вратија авионот назад и безбедно го слетаа на аеродромот за поаѓање.

Делта ерлајнс“ објави дека пожарот е изгаснат пред слетувањето и дека авионот се упатил кон портата, по што сите патници безбедно го напуштиле авионот.

Како мерка на претпазливост, противпожарните служби извршија детален преглед на авионот, додека во тек е истрага за да се утврди причината за дефектот на моторот.

Компанијата соопшти дека патниците биле префрлени на друг лет до нивната крајна дестинација во Атланта и се извинија за непријатностите.

Би можело да ве интересира

Утврдена е причината за падот на боингот на Ер Индија

А1он

Индиските власти започнаа истрага за несреќата на „Ер Индија“

Горан Наумовски

Постојат 354 активни модели како Боингот што се урна во Индија

А1он

2.100 членови на Националната гарда и маринци чекаат да бидат распоредени во Лос Анџелес

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Трамп: „Странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес