(ВИДЕО) Братот на Атиџе: Не ја давам, каде што е таа – таму ќе бидам и јас

Од:

Феим Муратов, братот на Атиџе од „Медена земја“, во разговор за „А1он“ раскажува за животот со својата сестра во селото Бекирлија, каде што се снимаше документарецот, кој е номиниран за „Оскар“. Тој вели дека не може без сестра си и додава: „Атиџе не ја давам, каде што оди таа, таму сум и јас. Кога оди во Скопје или на друго место, постојано ја мислам“. На ден пред доделување на „Оскарите“, вториот дел од разговорот со Атиџе и нејзиниот брат кој првпат проговори пред камерите.

„Едниот брат ми забрануваше да се шминкам, другиот ме учеше да работам со пчелите“, раскажа Атиџе.

Муратов вели дека очекувал Атиџе да стане ѕвезда и за тоа многу се радува. Тој ја научил да вади мед од пчелите, па раскажува дека првин бегала, а потоа се навикнала. Атиџе многу му е благодарна на својот брат бидејќи бил покрај неа во најтешките моменти. Со пчелите зборува и пее, а раскажа и како Феим ѝ го спасил животот кога ја нападнала змија.

„Кога бев мала, татко ми купи мед од пазар. Се потепавме за еден килограм мед, а еден килограм беше. Секој по една лажица, отиде медот. Кај ќе се снајдеме ние со еден килограм мед. Чекавме еден комшија кога вадеше да ни даде малку, а беше многу убав. И ние сакавме да имаме“, раскажува Атиџе за тоа како се одлучиле да одгледуваат пчели и за моментите кога ќе настрадала поради тоа што ја нападнал рој касајќи ја на вратот.

Феим за младоста на Атиџе ќе каже дека била најубава и сите ја сакале, а таа раскажа како другиот брат не дозволувал да оди со него на пазар бидејќи ставила шминка. Атиџе низ смеа ќе рече дека и без шминка ергените трчале по неа.

„Ставив обична помада да се нашминкам малку, кога ме виде помладиот брат, рече: ‘Ќе се бришеш или не те носам на пазар’, се мислев што да правам, па се измив на чешмата. Ја пуштив косата и пак ергените трчаа по мене. Нешминкана, и пак ме сакаа“, раскажува Атиџе.

Филмската ѕвезда, која замина за Лос Анџелес по „Оскарот“, многу ѝ е благодарна на екипата на „Медена земја“.

„’Оскарот’ ќе го земеме. Никој не верува, ама јас викам дека ќе земам. Единствено, ако насилно не сакаат да ни го дадат. Ама мислам дека ќе ни го дадат“, рече Атиџе низ смеа.

Таа во вториот дел од разговорот, кој екипата на „А1он“ го направи во Бекирлија, говори за својата младост, животот во селото, пчелите, раскажува случки со семејството, но и се шегува на сметка на оние што живеат во град.

Првиот дел од разговорот со Атиџе, можете да го погледнете тука.

Би можело да ве интересира

Екипата на „Медена земја“: Протагонистите не беа заборавени, им беше дадена несебична помош

Ана Ололовска

Атиџе бара мир, а не пари: И куќава нека ја продадат, сите мене ме напаѓаат, никој не ги решава проблемите

Кристијан Ландов

„Медена Земја“ предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика

Ана Ололовска

„Медена земја“ од денеска во француските киносали

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Атиџе од Медена земја ја сними својата прва студиска песна

Искра Манојлоска

„Медена земја” го отвори Фестивалот на документарен филм во Словенија

Ана Ололовска