(ВИДЕО) Благодатниот оган во храмот на Светиот гроб во Ерусалим

Од:

Благодатниот Свет оган на Велика Сабота во храмот на Светиот гроб во Ерусалим, патријархот Ерусалимски Теофил Трети и годинава им го предаде на насобраните верници, кои веруваат дека доколку огнот не се појави, ќе биде означен крајот на времето.

Според верувањето, Светиот оган ја симболизира чудесната светлина на Воскресението Христово, за што зборувал уште апостол Павле и се смета за најголемата светиња за верниците. Неговото појавување во пресрет на Велигден со молитвите на православниот патријарх, свештенството и илјадници аџии, без разлика на регуларноста, се нарекува „чудото на Светиот оган“.а патријархот Ерусалимски Теофил Трети им го предаде на насобраните верници.

Според традицијата, сите свеќи и светилки во црквата претходно биле згаснати. Огнот се појавил по молитвите за чудо на ерусалимскиот патријарх Теофил III, а илјадници верници во саботата пред Велигден го исполниле храмот на Светиот Гроб, црквата којашто всушност е низа од споени простории коишто наликуваат на спили, но богато украсени, со скалила коишто водат до галеријата и исчезнуваат од видикот во темнината, просторот пред него и околните улици.

Огнот се појавил, како и во претходните години, во Кувуклисот – параклисот во внатрешноста на црквата на Светиот Гроб, по камената ложа, на која на Велика сабота е поставено погребеното тело на Христос. Таму, според вековниот ритуал, се моли за слегувањето на Светиот оган. Според древната церемонија, во предниот дел на Кувуклисот одеждата на патријархот Теофил Трети и самата капела се внимателно испитани да нема присуство на никакви вештачки средства за добивање оган.

Како и секоја година, во пресрет на очекуваниот Велигден чудото се случи, Патријархот на Ерусалим им го предаде огнот на верниците, коишто потоа Светиот оган го разнесуваат по светот.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението