(ВИДЕО) Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен во овој момент

Од:

„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче што Ве буткале цел живот, си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате „ад хоминем“. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како вас“, му порача на премиерот Мицкоски од собраниската говорница лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев беше незадоволен од одговорите на премиерот на прашањата зошто ВМРО-ДПМНЕ врши законски измени со кои зборот Република Македонија го менува со „Република Северна Македонија“ какво што е новото уставно име на државата.

„Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто кошта колку станот во којшто јас живеам? И дали е вистина дека планирате вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД, на Фармацевскиот факултет? Како успеавте со ваков вичен и правичен адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму и сега ќе ни кажувате, одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе. Апасиев живее од професорска плата“ порача Апасиев.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

(ВИДЕО) Апасиев: За ваков Изборен законик не беше постигнат консензус, Левица ќе го блокира

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски