Војводката од Кембриџ, Кетрин „Кејт“ Мидлтон денеска е примена во Гинеколошкиот оддел на болницата „Сент Мери“ во лондонскиот кварт Падингтон, соопшти кралската Кеннсингтоншка палата.
Во јавноста постои големк интерес за породувањето на кралското бебе на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, затоа што тоа ќе биде третиот по ред претендент на британскиот престол.
Првиот прететендент е престолонаследникот Чарлс, дедо на бебето и најстариот син на кралицата Елизабета, а вториот е таткото, војводата од Кембриџ, принцот Вилијам. До раѓањето на бебето на Вилијам и Кејт, трет претендент на тронот е помладиот брат на Вилијам, принцот Хари.
Лондонските медиуми откриваат дека нема да има други соопштенија околу бремената војводка од Кембриџ се до официјалното соопштување за раѓањето на кралското бебе.
Веќе две недели, пред болницата „Сент Мери“ кампуваат фоторепортери, камермани и репортери од сите страни на светот во очекување на веста за породувањето.
Официјално никој не соопштува кога Кејт Мидлтон треба да се породи, но нашироко е прифатено дека породувањето ќе се случи во средината на јули.
Принцот Вилијам е со својата сопруга откако од денеска почнува неговото двонеделно отсуство од неговата единица во британското кралско воздухопловство, каде идниот крал е пилот на хеликоптер.
Вилијам и Кејт се венчаа на 29. април 2011 година.
Што се случува пред болницата „Сент Мери“ во живо можете да следите ОВДЕ!