(Интервју) Братот на загинатиот пешак: Имам многу што да му кажам на убиецот, боли што кражба на ќебапи е поценета од смртта на брат ми

Од:

Повеќе вредат ќебапите за кои крадецот доби три години затвор, од животот на Оливер Петровски кој загина поминувајќи улица за што возачот доби 1,5 години затвор. Ова е ставот на Бојан Петровски, брат на загинатиот кој бара правда. Тој даде свое објаснување како би се избегнала оваа сообраќајка.

Тој отворено зборува за корумпираноста на системот, контрадикторноста на четирите вештачења, ниската казна за возачот, но и провокациите кои ги добивало неговото семејство.

„Најмногу боли нечовечноста“, раскажа Бојан.

Низ што минувало неговото семејство, дали брат му има вина поради која загинал, стоел или преминувал улица во моментот кога бил прегазен, што има да му каже на неправосилно осудениот возач се дел од одговорите кои ги даде братот на загинатиот.

„За украдени 150 ќебапи имаме пресуда од три години затвор“, вели Бојан и додава: „Животот на мојот брат вреди помалку од правото на сопственост на 150 ќебапи. Бидејќи кражбата на ќебапите беше проценета на три години затвор, а смртта на мојот брат на 18 месеци затвор“.

Отворено, Бојан кажа мислење и за судијката од битолскиот суд која ја изрече пресудата, но и за обвинителката која го водеше случајот. Одговараше и на прашањето што би му кажал на возачот кој го усмрти неговиот брат возејќи со недозволена брзина.

Би можело да ве интересира

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопското село Мојанци