Зидан: Јас го избрав тимот и одговорен сум за поразот

Од:

Зинедин Зидан, тренерот на Реал, ја прифати одговорноста за неуспехот на кралскиот клуб на почетокот од Лигата на шампионите и поразот од Шахтјор на домашен терен (2:3).

Шампионот на Украина одигра одлична партија и ги однесе поените од стадионот „Алфредо ди Стефано“, а Зидан по мечот изјави дека самиот тој ја сноси вината.

– Она што се случи ме вознемири. Се работи и за мене, јас сум одговорен. Не ја видов тимската игра што ја посакував, а кога не го гледате крајниот резултат, вие сте виновни. Тие се на терен и им требаат решенија, рече Французинот.

Тој е свесен дека тоа е само почеток на натпреварувањето, но никој не очекуваше пораз во Мадрид.

– Тоа е лош момент за целиот тим. Покажавме борбеност во второто полувреме. Играчите се вознемирени, тие се шампиони, тоа чувство е нормално. На мене е да најдам решенија бидејќи вакви работи не смеат да ни се случуваат, вели тренерот на Реал.

Тој рече дека тимот нема доверба.

– Кога ќе ви постигнат три гола за половина час, по нашата грешка при првиот гол, тоа е доволно тешко. Ни недостасуваше малку од сè, пред се во самодовербата, што е најважно, додаде Зизу.

Би можело да ве интересира

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

Реал подготвува 160 милиони евра за ѕвездата на Баерн

А1он

Реал без седуммина фудбалери ќе го напаѓа Сити во ЛШ

А1он

(ВИДЕО) Најдобриот фудбалер од средниот ред не сака да оди во Реал Мадрид

А1он

Гвардиола му порача на Халанд: Не преговарај со Реал Мадрид до крајот на сезоната

А1он

Мбапе: Број 25 петпати го нарече Винисиус мајмун – тој не смее да дојде на „Бернабеу“

А1он