Завршува реконструкцијата на уште еден повеќенаменски спортски терен во Аеродром

Од:

​Во боите на Аеродром и МЗТ Скопје, аеродромци добиваат нов повеќенаменски спортски терен за кошарка и фудбал во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“. Со инвестиции од буџетот на Општина Аеродром и во рамките на овој инвестициски циклус, спортските игралишта кои отсекогаш биле симбол на маалската дружба, добиваат нов и модерен изглед.

Новите поставени содржини подразбираат подобри услови за спортистите и рекреативците, а тоа го постигнуваме преку изведба на мултифункционален спортски терен со нова тартан подлога, нови голови и кошеви, ограда, трибини и уредување на околниот простор.

„Инвестициите во спортот и инфраструктурата продолжуваат со несмалено темпо. Реконструираме и градиме спортски терени во секое населено место и училиште, со што ја докажуваме нашата заложба и посветеност за развој на спортот, како и поддршката во градењето на нови спортски таленти“, велат од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он