Влада: Продолжен рокот до кој здруженијата можат да достават извештај за користење на средствата

Од:

На денешната владина седница е донесен новиот текст на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за 2019 година, со дополнување, според кое се предлага рокот во кој здруженијата и фондациите треба до Генералниот секретаријат да достават извештај за користење на средствата, од 30 јуни 2020 година да се продолжи до 30 ноември 2020 година, а Генералниот секретаријат да достави Извештај за реализација на оваа Програма до Владата на Република Северна Македонија, со финансиски показатели и образложение на постигнатите резултати, до 31 декември 2020 година.

Владата, денеска, го разгледа Извештајот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во 2019 година, како и информацијата за намалување на финансиските средства за поддршка на здруженијата и фондациите и го прифати укажувањето на Комисијата за политички систем на Владата, да се разгледа можноста за обезбедување дополнителни финансиски средства наменети за граѓанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад