Виетнам има нов претседател

Од:

Националното собрание на Виетнам го избра Во Ван Туонг за нов претседател на земјата, по кампањата против корупцијата што владее во земјата и оставката на неговиот претходник.

На вонредна седница пратениците го потврдија 52-годишниот Туонг за претседател, откако владејачката Комунистичка партија го номинираше за функцијата, која е главно церемонијална, но една од четирите водечки политички позиции во оваа југоисточна азиска земја, пишува Ројтерс.

Изборот на Туонг следи по оставката на неговиот претходник Нгуен Ксуан Пук во јануари, откако владејачката Комунистичка партија го прогласи за виновен за прекршувања и неправилности од страна на функционерите под него, што се смета за голем чекор напред во борбата на земјата против корупцијата.

Во својот прв говор во парламентот како нов претседател, Туонг рече дека решително ќе ја продолжи борбата против корупцијата.

„Ќе бидам целосно лојален на татковината, народот и уставот, настојувајќи да ги исполнам задачите што ми ги доделија партијата, државата и народот“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Виетнам бележи највисока инфлација во последните шест години

А1он

Виетнам ќе ја испитува зделката меѓу иновативните такси компании Убер и Граб

Ана Ололовска

Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

Ана Ололовска

АПЕК: Путин, Џинпинг и Трамп претставуваат 40 отсто од вкупното население и 60 отсто од глобалната економија

Наум Локоски

Средба на Заев со заменик премиерот на Виетнам Фан Бин Мин: Создадени можности за продлабочување на економската соработка

Наум Локоски

Драстичен пад на виетнамскиот извоз по антикинеските протести

Ана Ололовска