ВИДЕО: Зеленски ја обвини Русија за „нуклеарен терор“ по нападот врз централата

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека прибегнува кон „нуклеарен терор“ и дека сака да ја „повтори“ катастрофата во Чернобил, откако нагласи дека руските сили нападнале нуклеарна централа.

Тој упати повик до светските лидери да се разбудат и да ја спречат Европа „да умре од нуклеарна катастрофа“ откако најголемата централа на континентот се запали откако беше гранатирана.

„Ниту една земја освен Русија никогаш не пукала врз објекти за нуклеарна енергија“, рече тој во видео порака. „Ова е првпат во нашата историја. Во историјата на човештвото. Терористичката држава сега прибегна кон нуклеарен терор“.

АЕЦ во Запорожје, индустриски град на југоисток, обезбедува околу 40 отсто од нуклеарната енергија во државата и, според Зеленски, таму има шест од 15-те реактори во Украина.

Според Киев, пожарот започнал откако руските војници пукале врз објектот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ

Руски канали: Завршено опкружувањето на Орихив, падот на градот е „прашање на денови“

(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Предраг Петровиќ

Зеленски призна: Складиште со муниција било во близина на станбените објекти

(ВИДЕО) Експлозии и пожари од двете страни: Загинати кај Киев, погодени магацини во Ростовската област

ВИДЕО: Дронови ја нападнаа Москва

Катерина Ѓуровски