ВИДЕО: Трамп е уапсен

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и формално е уапсен. Тој стана првиот американски претседател или поранешен претседател кој е приведен.

Трамп пред кратко време пристигна во судот. Се движеше во заштитен конвој од околу 20 возила. Конвојот вклучуваше полициски автомобили, возила на тајната служба и амбулантно возило.

Се очекува да му биде презентирано обвинението.

Доналд Трамп кој е фаворит за републиканска претседателска номинација во 2024 година, ќе се појави на суд, каде што ќе биде информиран за обвинението, ќе му биде земен отпечаток од прст и ќе се фотографира за евиденција и ќе влезе во историјата на САД.

Трамп беше обвинет минатата недела, станувајќи првиот претседател или поранешен претседател кој се соочил со кривична пријава, поради исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за нејзиното молчење за нејзината врска со Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција