ВИДЕО: Се запали авион со 150 патници, се обиде да се врати на аеродромот

Од:

Авионот, наводно на компанијата „Флајдубаи“, се запалил по полетувањето од аеродромот во Катманду во Непал и се обиде да се врати на истиот аеродром.

Ова го соопшти агенцијата АНИ, повикувајќи се на неименувани извори. Според неофицијални информации, во авионот имало 150 патници и членови на екипажот. Наводно, еден од моторите во авионот се запалил веднаш по полетувањето од аеродромот. Авионот бил на пат за Дубаи, но потоа побарал итно враќање на матичниот аеродром. Противпожарните служби беа во подготвеност на аеродромот, изјавија неименувани извори.

Непалскиот министер за туризам изјави дека нема да има итно слетување и дека Боингот 737-8КН го продолжил летот за Дубаи.

„Пилотите го исклучија моторот откако се појави проблемот и оценија дека можат да го продолжат летот без да се вратат на аеродромот во Катманду“, изјави заменик-директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Непал. По драмата, пилотите ѝ кажале на контролата на летот дека сите индикатори на авионот се нормални.

Би можело да ве интересира

По два дена полета првиот авион од Абу Даби

А1он

СДСМ: Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија имаат постари владини авиони од Македонија

А1он

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц

Почна истрагата за падот на авионот во Мавровското езеро