(ВИДЕО) Петрушевски: Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци

Од:

СДС и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега. Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци. СДС и Филипче целосно се ставија во заштита на приватни бизнис интереси. Се утепаа од лажење да заштитат профит на блиска фирма. Ако сега тендерот за обезбедување ќе се извршува по цена пониска за половина милион евра, тогаш логички е да се запрашаат и ЈО и останатите институции каде оделе тие пари до лани, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука го повикуваме ЈО веднаш да отвори истрага како до лани услугата обезбедување е плаќана половина милион евра повеќе. ЈО мора да даде одговор на легитимната дилема дали половина милион евра кои ги наплаќала до лани фирмата за обезбедување завршувале дел во СДС, а дел кај тандемот Зечевиќ-Ковачевски, и претходно кај Заев? За разлика од тоа како до сега. Со тендерот за избор на најповолна понуда за обезбедување е овозможена конкуренција и е засилена заштитата која ја добива државата во случај на неисполнување на задачите или нивно неквалитетно извршување, што е поткрепено со банкарска гаранција која фирмата добитник на набавката мора да ја издаде, а е во висина од 20 милиони денари. СДС може само да гледаат како се работи домаќински и да ги бројат загубите на криминалните приходи кои до лани им течеле. А одговорност за секој еден криминал ќе има“, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните