(ВИДЕО) Митева: После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина

Од:

Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа. Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред се е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа бројка само ни потврдува дека мораме да останеме посветени на визијата за промени, за промени кои значат чесно и правично владеење, промени кои ќе значат подобар живот за граѓаните дома, промени кои значат враќање на достоинството на граѓаните и државата. На Македонија и се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните. Остануваме посветени на работа, креирање на најдобра понуда и испраќање на клучните пораките кои ќе ги презентираме пред граѓаните. Остануваме посветени на подготовка на најдобрата програма која во себе нуди огромни промени. Време е да ги поразиме, затоа што Важно е да избереме лидерство што носи промени – рече Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Сто и девет пациенти со предлози и барања на телефонската линија за повредените од трагедијата во Кочани

А1он

Освен медицинска и физиотерапевтска нега, повредените од Кочани во „Пониква“ ќе добиваат и психолошка и социјална поддршка

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност

Митева: По извршени контроли решенија за привремена забрана за 10 правни субјекти, кафулиња и клубови

Митева: ДПИ вчера констатира дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови

А1он